Српски соларно – кинетички светилки на улиците на Лас Вегас

49

engoplanet srbija

Српскиот старт – ап EnGoPlanet (претходно Volta grupa) којшто произведува урбани мобилари и паметни улични светла, користејќи ја соларната и кинетичката енергија, склучи партнерство со градот Лас Вегас за инсталирање на нивните иновативни улични светла на една од најфреквентните локации во овој познат американски град, пишува B92.net.

“Многу сме среќни што успеавме да склучиме партнерство со градот Лас Вегас. Ова е прва инсталација на нашиот нов производ EnGoPlanet Street light. Фактот дека еден толку важен град од САД го препозна квалитетот и корисноста на нашите производи, влева дополнителна самодоверба дека нашите производи имаат блескава иднина. Во овој момент преговараме со уште пет градови од целиот свет и веруваме во нивна успешна реализација“, вели Петар Мировиќ, извршен директор на EnGoPlanet.

Светилките на EnGoPlanet се напојуваат само од обновливи извори на енергија и не се поврзуваат со електричната мрежа, што значи дека произведената струја не само што е “чиста“, туку е и бесплатна.

engoplanet 1

Оваа улична светилка добива енергија преку ефикасни соларни панели и кинетички плочи коишто произведуваат енергија секогаш кога некој ќе згазне на нив. Добиената енергија се складира во батерија што му овозможува на целиот систем автономија и до пет дена.

EnGoPlanet бандерите, како што се наведува, ќе имаат и посебни приклучоци за полнење на мобилни телефони со два USB приклучока и опција за безжично полнење. Исто така, секоја бандера ќе биде опремена со паметни сензори коишто ќе мерат и ќе собираат податоци за загадување на воздухот, температурата и амбиенталниот звук.

Еден од поважни сензори е таканареченото светло на барање, којшто ја сведува светлината на минимум кога нема никој во близина и со тоа драстично се намалува потрошувачката на енергија.