Српските компании во 2017 го удвоиле профитот

16

Српската економија ја заокружи минатата година со позитивен резултат, односно 3,7 милијарди евра добивка, што претставува 2,3 пати подобар резултат отколку во 2016 година, се вели во соопштението на Агенцијата за деловни книги, а пренесува SeeBiz.

Околу 60.000 компании или скоро три петини, минатата година ја завршиле во плус, и за прв пат компаниите биле способни редовно да си ги сервисираат каматите на позајмениот капитал, се наведува во соопштението.

Старите долгови на српските компании се намалуваат, расте зарaботката, како и бројот на нововрабтени. Меѓутоа, проблем за српските компании сè уште претставува немањето доволно сопствен капитал, па оттука тие или се задолжуваат или не им плаќаат на добавувачите. Според податоците во Агенцијата за деловни книги, во 2017 година српската економија ги наплатувала своите приходи во просек за 69 дена, а ги подмирувала своите долгови за 118 дена.

Инаку за добрите резултати на компаниите, според Агенцијата, во голема мера придонело и ефикасното искористување на кредитите, особено кај големите компании.

 

 

Фото: Pixabay