Српските производи ќе добијат ознака “Српски квалитет”

25

meso

Српската Влада ја усвои одредбата на Министерството за земјоделие, месните преработки на поедини домашни произведувачи да носат ознака “Српски квалитет”, пишува Дневник.

Со оваа ознака ќе можат да се означат само земјоделски и прехранбени производи кои по својот хемиски состав, физички, микробиолошки и органолептички својства, начинот на производство, користени суровини и состојки, јасно се разликуваат од другите земјоделски и прехранбени производи од иста категорија и кои се произведени од основна суровина што потекнува исклучиво од територијата на Србија.

Оваа ознака е наменета за означување земјоделски и прехранбени производи во секторот на производство и преработка на млеко, месо, овошје, зеленчук, житарки, маслодајни растенија, грозје и мед.