ССК потпиша Меморандум за соработка со Стопанската комора на Торино

48

sojuz na stopanski komori

Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) и Стопанската комора на Торино ќе организираат заеднички активности за интензивирање на бизнис соработката и ќе спроведуваат заеднички проекти, јавува Миа.

Меморандумот за соработка е потпишан на средба во ССК со делегацијата од Стопанската комора и од Општината на Торино, којашто е во неколкудневна посета на Македонија.

Соработката помеѓу двете комори започна како иницијатива на претседателите на двете комори по остварената средба во рамки на Светскиот коморски конгрес во Торино минатата година.

“Комората на Торино и општината на градот Торино остваруваат континуирана и силна соработка и претставуваат значаен партнер на ССК со којшто во иднина ќе се спроведуваат голем број на бизнис активности како бизнис форуми, работни средби, размена на информации, застапување на бизнис интересите на членовите на двете комори и спроведување на потенцијални европски проекти“, велат од ССК.