Станува ли биткоинот подобра инвестиција од златото?

38

Еден од најголемите приврзаници за инвестиции во злато можеби сега се предомисли и повеќе го сака биткоинот.

Џефри Гандлач, директор на DoubleLine Capital, што претставува инвестициона компанија со управува со имот од над 130 милијарди долари, сега смета дека биткоинот би можел да биде подобар од златото, пренесува Coindesk.

Гандлач претходно изјавувал дека не верува во биткоинот, а сега на Twitter напиша нешто сосема поинакво.

“Веќе со години сум за мечкин пазар на доларот и биков пазар на златото, но за нив сега сум неутрален повеќе од шест месеци… Биткоинот можеби станува стимулативна актива, што не важи и за златото“, напиша тој на Twitter.

Промената на неговиот став најверојатно доаѓа по големиот раст на биткоинот од 10.000 на 52.000 долари во последните неколку месеци.

Фото: Pexels