Стапка на невработеност од 27,6% во последното тримесечје од 2014

26

Стапката на невработеност во четвртото тримесечје од 2014 година е 27,6%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во овој период активното население во Република Македонија брои 961.416 лица од кои вработени се 696.046, а 265.370 лица се невработени.

Стапката на активност во овој период е 57,4%, додека стапката на вработеност е 41,5%.