Стапката на невработеност во Норвешка скокна на 15,4%

109

Стапката на невработеност во Норвешка вчера скокнала на 15,4% од нивото од 14,7%  од 31 март, соопшти Агенцијата за труд и социјална помош.

Ова е рекордна стапка на невработеност бидејќи економијата практично запре поради мерките за сузбивање на пандемијата од болеста Ковид-19, објави Reuters.

Норвешката влада минатиот месец објави итно затворање на многу јавни и приватни институции, вклучувајќи училишта и градинки, а работата ја прекинаа и претпријатијата, што на крајот резултираше со отпуштања на повеќе стотици илјади работници.

“Невработеноста е највисока во секторот туризам и сообраќај, каде 26,9% од работната сила е регистрирана како целосно невработена“, се наведува во соопштението на агенцијата.

Фото: Pixabay