Стапката на сиромашни лица во Македонија е 22,1%

14

Стапката на сиромашни лица во Македонија во 2014 година е 22,1%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Анализирано по типови на домаќинства, стапката на сиромаштија на домаќинства составени од двајца возрасни со две издржувани деца во 2014 година е 25%. Според најфреквентниот статус на економска активност, стапката на сиромашни вработени лица е 9,8%, додека стапката на сиромашни пензионери е 8,4%.

Gini коефициентот (мерка за нееднаквоста во распределбата на приходите) изнесува 35,2%.

Државниот завод за статистика, врз основа на податоците од Анкетата за приходи и услови за живеење која се спроведува во согласност со препораките на Европската унија, во 2015 година ги пресмета Лаекен индикаторите за сиромаштијата за 2013 и 2014 година.

Основа на пресметките на сиромаштијата се приходите, а прагот на сиромаштијата е дефиниран на 60% од медијалниот еквивалентен приход.