Стапката на слободни работни работни места во првото тримесечје е 1,49%

11

Стапката на слободни работни места, во првото тримесечје од оваа година, е 1,49%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Највисока стапка на слободни работни места има секторот Транспорт и складирање и изнесува 2,05%,
додека најмала е стапката во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација каде
што изнесува 0,28%.

Деловните субјекти со број на вработени од три до девет имаат највисока стапка на слободни работни места која изнесува 1,95%. Пелагонискиот регион има највисока стапка на слободни работни места која изнесува 1,88%. Најголем број на слободни работни места, односно 1.709, има во петтата група на занимања – Работници во услужни дејности и продажба.