Стапката на вработеност во Македонија 40,9%

47

Во четвртото тримесечје од 2013 година активното население во Македонија изнесувало 960.704 лица, од кои вработени биле 685.479, а невработени 275.225 лица.
Според податоците на Државниот завод за статистика, стапката на активност во овој период е 57,3%, стапката на вработеност 40,9%, а стапката на невработеност 28,6%.