Starbucks ќе овозможи плаќање со криптовалути

38

Американскиот ланец на кафетерии Starbucks заедно со Microsoft и Intercontinental Exchange, сопственикот на New York Stock Exchange (Њујоршката Берза), наскоро ќе овозможат купувачите да плаќаат со криптовалути во продажните места на компанијата.

Благодарение на платформата Bakkt којашто е моментално во развој корисниците ќе можат да “чуваат“ дигитални пари и да ги разменуваат за производи. Starbucks нема директно да ги прифаќа криптовалутите, туку Bakkt ќе ги претвора истите во долари коишто понатаму ќе можат да се користат за плаќање во продажниот ланец на кафетерии.

Како што велат од компанијата овој чекор е само уште еден обид да се биде иновативен и да им се понуди на клиентите поширок спектар на услуги при плаќање, пишува CNN.

Платформата Bakkt се очекува да биде достапна од ноември годинава, но сепак не се знае кога Starbucks ќе може да ја имплементира за користење.

Овој начин на плаќање ќе биде достапен и за други трговци.