Starbucks нуди 10 милиони долари за идеја за eко чаши

135

starbucks-2346226_960_720

Фото: Pixabay

Starbucks нуди 10 милиони долари награда за автор на идејно решение за чаша којашто полесно ќе се рециклира, објавија од синџирот кафетерии.

Чашите што сега се користат за кафе, направени се од само 10% рециклирано влакно и можат да се рециклираат само во градовите со соодветна структура, како што се Сиетл, Сан Франциско, Њујорк и Вашингтон.

Во случајов, се бара изработка на чаша којашто ќе може да се рециклира, и да го “продолжи животот“ повторно како чаша, салфетка или друг производ. За целта на овој проект синџирот кафулиња се здружи со инвеститорска група фокусирана на рециклирање наречена Closed Loop Partners.

Уште пред три години Starbucks требаше да воведе комплетно рециклирачки чаши, но не го исполни ветувањето.

Генерално, чашките за кафе, независно каде се служат ѝ штетат на животната средина. Повеќето од нив се направени од картон со тенок слој од пластика цврсто прицврстен на чашата. Ова го задржува пиењето топло и го спречува картон да стане влажен. Притоа, чашката тешко се рециклира и неопходни се дури 20 години таа да се распадне.