Starbucks разви апликација за онлајн порачки и плаќање

20

starbucks aplikacija

Познатиот американски синџир на кафулиња Starbucks соопшти дека неговите клиенти ќе може да ја користат мобилната апликација за порачување и плаќање на порачаните производи и на тој начин да ги избегнат редовите во продавниците.

На мените во апликацијата ги има сите оние производи што може да се купат во продавниците на Starbucks.

Корисникот треба најпрво да избере што би сакал да порача од она што му се нуди на менито на Starbucks и да ја избере најблиската продавница. Само за неколку минути ќе може да си ја земе нарачката.

Оваа апликација најпрво е достапна во Њујорк, Чикаго и Сан Франциско, додека во Портланд клиентите на Starbucks веќе девет месеци можат да нарачуваат и плаќаат однапред.

Овој вид на апликации им служат на компаниите да ги намалат долгите редици во продавниците и да ја зголемат верноста на своите клиенти.