Старт – ап експерт од Њујорк постави курс на Brainster

42

DSC_1193

Како ексклузивен инструктор од странство за Brainster, кој е еден од најмладите, но и најбрзо растечки македонски стартапи, го имаме Franck Nouyrigat, еден од основачите на Startup Weekend, со неговото долгогодишно искуство, кој ќе ви пренесе реални и практични техники преку Старт-ап работилница – совети и трикови од основачот на Startup Weekend. Оваа работилница е наменета за претставници од старт – ап компании и старт – ап ентузијасти и е бесплатна. Ќе се одржи на 9-ти март (среда) од 17:00 до 20:30 часот во HUB Скопје.

Startup Weekend е 54 часовен ‘маратон’, на кој креативните бизнис идеи се претвораат во стартапи, под водство на ментори и експерти. Сите кои биле дел барем од еден Startup Weekend, раскажуваат дека тој е настанот кој им помогнал многу во нивната кариера или буквално го променил нивниот живот.

Franck 2

Овој настан се одржува во повеќе од 100 земји низ светот, а на огромно задоволство на македонската старт – ап заедница, за прв пат во Скопје, директно од Њујорк, во работна посета е дојден еден од основачите Franck Nouyrigat и е заинтересиран да работи со сите засегнати страни со цел да помогне при развојот на старт – ап сцената во Македонија. Во соработка со SECO Entrepreneurship Programme на Владата на Швајцарија, имплементирана од SwissContact во партнерство со J.E. Austin Associates, како консултант (Eco-System Advisor) ни е чест што го имаме Franck Nouyrigat во Скопје.

Доколку сте основач на старт – ап или сте во фаза на развој на идеја за старт – ап, ова е работилница е за вас! Местата се ограничени, пријавувањето завршува на 7 март (понеделник) и ќе се прави селекција…

Бидете едни од ретките кои ќе ја имаат оваа уникатна можност да се запознаат со човекот кој основал еден од најуспешните и најраспространети старт – ап настани во денешно време. Погледнете ги сите детали и што се вклучува оваа старт-ап работилница и пријавете се преку Brainster уште денеска!