Стартап од Кина ја лансираше првата приватна ракета во земјата

23

Фото: Pixabay

OneSpace е првата кинеска приватна компанија којашто лансираше своја ракета пишува CNN. Ракетата OS-X, којашто беше лансирана минатата недела, е висока 9 метри, а целта на мисијата е да се соберат податоци за истражувачки проект што оваа компанија го работи со кинеската авиациска индустриска корпорација во државна сопственост.

Кинескиот стартап е основан во 2015 година и често се споредува со ракетната компанија на Илон Маск, Space X, првата приватна ракетна компанија во САД.

OneSpace сака да ги користи своите ракети за да им помогне на компаниите да лансираат мали сателити за голем број на намени, вклучувајќи го и поодбрувањето на пристапот до интернет на авиони и возови. Исто така, планира да развие линија на ракети со кои би се преполовила цената на спуштањата на сателитите. Крајната цел на OneSpace е да се направи простор достапен за обичните луѓе, односно ракетите еден ден да можат да ги однесат луѓето во вселената.

Побарувачката за лансирања и сателитски услуги  во Кина постојано расте. Во изминативе неколку години се појавија повеќе од 20 микро стаелитски програми.