Startup Macedonia е во потрага по практикант за социјални мрежи

74

Фото: Pixabay

Startup Macedonia има потреба од асистент за социјални мрежи. Меѓу вештините што треба да ги поседуваат кандидатите се: самоиницијативност, интерес за организирање и координирање на настани, одлично познавање на англиски јазик, интерес за старт – ап заедницата, почитување на крајни рокови, флексибилност, комуникативност, работа со компјутер и познавање на социјални мрежи.

Startup Macedonia нуди: супер тим за насоки и поддршка, поврзување со старт – ап заедницата, одлични работни услови, соработка со најдобри стартапи и организации, постојано учење од локални и странски експерти, флексибилно работно време, реално искуство со организација и координација на настани и платена пракса.

Сите заинтересирани може да се пријават на startupmacedonia.platform@gmail.com до седми јули, subject line: Application for Social Media intern.

Кандидатите може да испратат linkedIn профил, кратко мотивационо писми (зошто сакате да градите кариера како организатор на настани во старт – ап заедницата) и концепт за Facebook Post: настан на старт – ап заедницата (текст + графички приказ).