Стартува Академија за претприемништво за млади од Македонија, Грција и Романија

39

akademija

Стартува проектот Претприемничко учење за млади чија што крајна цел е преку едукацација и зголемување на претпремничките вештини на младите луѓе, на долг рок да го намали одливот на таленти од земјава, да ja намали невработеноста и да гo развива претприемништвото во Република Македонија.

Проектот ќе се реализира преку Академија за претприемништво во која ќе се вклучат 60 млади лица – по 20 од Македонија, Романија и од Грција. Академијата ќе започне да функционира во јули годинава и ќе трае до јули 2018 година.

“Преку оваа Академија ќе им дадеме конкретна поддршка на младите претприемачи да ги развиваат своите бизнис вештини, ќе им дадеме конкретна поддршка во развојот од идеја до конкретен бизнис план и ќе им обезбедиме бизнис консултанти и ментори кои ќе им го пренесат своето знаење во однос на организациски менаџмент, логистика, финансиски менаџмент, производство/услуги и менаџмент на човекови ресурси. Со еден збор ќе им го олесниме патот во етаблирање на нивниот бизнис“, изјави Јован Сталевски, претседател на организацијата ЦЕФЕ Македонија, на денешната презентација на проектот Претприемничко учење за млади.

Овој проект е финансиран од Европската Унија преку Еразмус + програмата, а заеднички го имплементираат Здружението на граѓани ЦЕФЕ Македонија во партнерство со CRYSTALCLEARSOFT од Грција и Sprijin si Dezvoltare од Романија.

Повеќе информации на http://cefe.mk/.