Стартува Саемот за вработување и кариера – Job Fair 2018

18

opportunity-3185099_960_720Бордот на Европски Студенти по Технологија (БЕСТ) – Скопје со особена чест Ви го најавува 14-от по ред Саем за вработување и кариера – Job Fair 2018, којшто ќе се одвива во периодот 12.03-16.03.2018 година. Ни претставува големо задоволство широко да ги отвориме вратите кон можностите на сите заинтересирани посетители, па затоа Ве повикуваме на официјалното отворање коешто ќе се одвива на 12.03.2018 во амфитеатарот на Технолошко-металуршкиот Факултет. Исто така Ве очекуваме на останатите денови од саемот коишто ќе се одвиваат на кампусот на техничките факултети каде што ќе присуствуваат голем број компании од техничкиот и IT секторот.

Job Fair не само што е најголемиот настан што БЕСТ Скопје го организира, туку е и местото каде студентите можат да се информираат за сѐ она што го нудат компаниите учеснички, како и за потенцијално работно место или пракса, додека компаниите имаат можност да стапат во директен контакт со нивните потенцијални вработени. Исто така овој настан е можност за големи остварувања во кариерата на секој студент. Целта ни е да ги доближиме амбициите на студентите поблиску до компаниите.

Минатата година Job Fair се покажа како најуспешен досега, со рекордно учество од вкупно 35 компании.

Овој саем е одлична можност за студентите да добијат пракса или работа во некоја од најдобрите компании во земјата. Сѐ што треба да направите е да ги посетите нашите штандови и да го оставите своето CV на веб страната на Job Fair: www.jobfair.org.mk. Со овој чекор Вашите биографии стануваат дел од датабазата до која имаат пристап сите компании – учеснички од Република Македонија и надвор од неа, во текот на целата година.

На овој саем компаниите ќе имаат можност да држат бесплатни предавања, soft skills тренинзи, презентации, натпревари на коишто ќе можат да учествуваат студентите избрани токму од нив.

Со огромно нетрпение го очекуваме Вашето присуство и се надеваме на огромен успех по завршувањето на овој настан,па дури и поголема заинтересираност. За повеќе информации посетете ја официјалната веб страна на настанот: www.jobfair.org.mk.