Стартуваше жетвата на оризот од турска сорта

20

Во село Чешиново вчера беше означен стартот на жетвата на оризот од годинешната реколта. Земјоделецот Мијалче Костадиновски од село Чешиново на сопствени површини од 10 декари насеа ориз од турската сорта гонен, пишува Миа.

“Приносите се повеќе од задоволителни. На површина од еден декар добив 800 килограми оризова арпа од оваа турска сорта, како експериментално производство”, вели Костадиновски кој додаде дека и жнеењето на оваа сората се прави 20-тина дена порано.

Во Земјоделскиот институт во Кочани на површина од 5 декари се испитуваат 15 турски сорти на ориз. На свои површини турски сорти ориз пробно произведуваат уште 20 земјоделци.