Статистика: 1,27% слободни работни места во третото тримесечје

16

Стапката на слободни работни места, во третото тримесечје од оваа година, изнесува 1,27%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Највисока стапка на слободни работни места има секторот Административни и помошни услужни дејности и изнесува 2,72%, додека најмала е стапката во секторот – Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината, кај кои изнесува 0,21%.

Деловните субјекти со број на вработени од 10 до 49 имаат највисока стапка на слободни работни места којашто изнесува 1,74%.

Југоисточниот регион има највисока стапка на слободни работни места којашто изнесува 2,09%.

Најголем број слободни работни места, односно 1.729, има во петтата група на занимања – Работници во услужни дејности и продажба.