Статистика: 1,38% слободни работни места во второто тримесечје

11

Стапката на слободни работни места, во второто тримесечје од 2016-та година, е 1,38%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Највисока стапка на слободни работни места има секторот Објекти за сместување и сервисни дејности со храна и изнесува 3,66%, додека најмала е стапката во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација каде што изнесува 0,10%.

Деловните субјекти со број на вработени од 10 до 49 имаат највисока стапка на слободни работни места којашто изнесува 1,88%.

Југоисточниот регион има највисока стапка на слободни работни места која изнесува 2,30%.

Најголем број на слободни работни места, односно 2.398, има во петтата група на занимања – Работници во услужни дејности и продажба.