Статистика: 1,52% слободни работни места во третото тримесечје од оваа година

15

rabotnik-vo-industrija-pixabay

Фото: Pixabay

Во третото тримесечје од оваа година, стапката на слободни работни места е 1,52%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Највисока стапка на слободни работни места има секторот Објекти за сместување и сервисни дејности со храна 3,15%, додека најмала е стапката во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација и изнесува 0,10%.

Деловните субјекти со број на вработени од 10 до 49 имаат највисока стапка на слободни работни места којашто изнесува 2,20%.

Пелагонискиот регион има највисока стапка на слободни работни места којашто изнесува 1,97%.

Најголем број слободни работни места, односно 2.594, има во петтата група занимања – Работници во услужни дејности и продажба.