Статистика: 1,67% слободни работни места во третото тримесечје

19

Фото: Pixabay

Според податоците на Државниот завод за статистика, во третото тримесечје од 2018 година, стапката на слободни работни места изнесува 1,67%.

Највисока стапка на слободни работни места има секторот Административни и помошни услужни дејности – 5,08%, додека најмала е стапката во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, во кој изнесува 0,21%.

Деловните субјекти со број на вработени од три до девет имаат највисока стапка на слободни работни места која изнесува 2,44%.

Пелагонискиот регион има највисока стапка на слободни работни места која изнесува 2,35%. Најголем број слободни работни места, односно 3.264, има во петтата група занимања – Работници во услужни дејности и продажба.