Статистика: 25 часа по лице се поминати во образовни активности надвор од образовниот процес

54

Фото: Pixabay

Вкупно 25 часа по лице се поминати во образовни активности надвор од редовниот образовен процес во Македонија, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика, по повод 24-ти јануари, Меѓународен ден на образованието.

Податоците, исто така, покажуваат дека 10,7% од работоспособното население учествува во формалното образование и во образованието надвор од редовниот образовен систем.

Во Македонија, 17,7% од лицата на возраст од 25 до 34 години имаат низок степен на образование.

Податоците, пак, на УНЕСКО за светот покажуваат дека еден од пет адолесценти го напуштиле средното образование, додека 750 милиони млади и возрасни не знаат да читаат и пишуваат.