Статистика: Невработеност од 23,4% во третото тримесечје од оваа година

12

Стапката на невработеност, во третото тримесечје од оваа година, изнесува 23,4%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во овој период, активното население во Македонија брои 949.944 лица, од кои 727.985 се вработени, додека како невработени се вода 221.959 лица.

Стапката на активност во третото тримесечје од оваа година е 56,5%, додека стапката на вработеност е 43,4%.