Статистика: Невработеност од 25,5% во третото тримесечје

20

Стапката на невработеност, во третото тримесечје од оваа година, е 25,5%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Стапката на активност во овој период е 56,9%, додека стапката на вработеност 42,4%.

Во овој период, активното население во Македонија брои 954.610 лица од кои вработени се 711.380, а 243.230 лица се невработени.