Статистика: Раст од 3,5% на БДП во третото тримесечје

18

Стапката на раст на бруто домашниот производ (БДП) во третото тримесечје изнесува 3,5%, покажуваат проценетите податоци на Државниот завод за статистика.

Во третото тримесечје од 2015, најголем пораст е забележан во секторите: Градежништво за 29,4%; Стручни, научни и технички дејности; Административни и помошни услужни дејности за 15,9%; Финансиски дејности и дејности на осигурување со 11,7% и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти за сместување и сервисни дејности со храна за 7%.

Финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во третото тримесечје од 2015 година, номинално расте за 3,4%, а нејзиното учество во структурата на бруто домашниот производ изнесува 64,4%.

Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 3,3%, а увозот на стоки и на услуги забележа зголемување во номинален износ од 2,9%.