Статистика: Стапка на сиромаштија од 21,5% во 2015 година

35

Стапката на сиромашни лица во Македонија, во 2015 година, изнесува 21,5%, покажуваат дефинитивните податоци на Државниот завод за статистика.

Анализирано по типови на домаќинства, стапката на сиромаштија на домаќинствата составени од двајца возрасни со две издржувани деца во 2015 година е 22,9%. Според најфреквентниот статус на економска активност, стапката на сиромашни вработени лица е 8,9%, додека стапката на сиромашни пензионери е 7,3%. Gini коефициентот (мерка за нееднаквоста во распределбата на приходите) изнесува 33,7%.

Државниот завод за статистика, врз основа на податоците од Анкетата за приходи и услови за живеење, којашто се спроведува во согласност со препораките на Европската Унија, во 2016 година ги пресмета Лаекен индикаторите за сиромаштија за 2015 година. Основа на пресметките на сиромаштијата се приходите, а прагот на сиромаштијата е дефиниран на 60% од медијалниот еквивалентен приход.