Статистика за јануари: Намален бројот на вработени во индустријата

Според податоците на Државниот завод за статистика бројот на работниците во индустријата е намален за 3.6 % во јануари 2026 во однос на јануари 2025 година

Бројот на работниците во јануари 2026 година, во однос на јануари 2025 година, во секторот Рударство и вадење камен се намалил за 6.2 %, во секторот Преработувачка индустрија за   3.6 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0.5 %.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во јануари  2026 година, во однос на јануари 2025 година, се намалил во групите Енергија за 2.5 %, Капитални производи за 4.9 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4.5 % и Интермедијарни производи, освен енергија за 2.7 %, а се зголемил во групата Трајни производи за широка потрошувачка за 1.9 %.

Бројот на работниците во индустријата во јануари 2026 година, во однос на јануари 
2025 година, се намалил за: 

  •  6.2 % во рударството и вадењето камен
  •  3.6 % во преработувачката индустрија
  •  0.5 % во снабдувањето со електрична енергија, гас, пареа и климатизација