Статистика за Купи куќа, купи стан

287

Во рамки на проектот Купи куќа, купи стан, оваа година, според министерката за финансии, Нина Ангеловска, доделени се 97 станбени кредити во износ од 3,6 милиони евра и доделена субвенција од 1,1 милион евра.

Во последните три месеци, како што се наведува, доделен е 61 кредит, а од вкупниот број на одобрени за оваа година, за млади лица се одобрение 48. Поголемиот дел или 71 од одобрените кредити се однесуваат за купување станови, а остатокот од 26 кредити се за куќи. Од вкупниот број апликанти, 45% се жени, а 55% се мажи. До крајот на оваа година се очекува вкупниот број на доделени кредити, преку проектот, да достигне 150.

Според министерката, средства за овој проект се предвидени и во буџетот за следната година.

Преку проектот, како што се наведува, се овозможуваат овие каматни стапки за одобрување на субвенциониран станбен кредит и тоа: за моделите каде се субвенционира ратата од кредитот од страна на државата, каматната стапка се намали од 3,95% на 2,9%, додека за четвртата и петата година каматната стапка е намалена од 4,44% на 3,9%. И кај моделите каде се субвенционира учеството каматната стапка е намалена од 4,5%+ЕУРИБОР на 4%+ЕУРИБОР.

Има и нови модели, за млади на возраст до и наполнети 35 години. За купување на стан, субвенцијата на месечната рата е зголемена од 50% на 70%. Ова значи дека во првите пет години од исплатата на кредитот 70% од месечната рата ќе плаќа државата, додека корисникот на кредитот ќе плаќа само 30%. Исто така, зголемена е и субвенцијата за моделите каде се субвенционира учеството од 50% на 70%. Ова значи дека доколку корисникот на проектот го искористи овој модел, 70% од учеството од кредитот ќе му го плати државата.