Ставрески: Државата ќе ги врати обврските кон стопанството до крајот на месецов

64

zoran stavreski“Враќањето на обврските на државата кон стопанството по основ на поврат на ДДВ и исплата на договорни работи оди одлично и државата ќе го испочитува рокот да ги сведе на нула тие до крајот на месецов”, истакна вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески одговoрајќи на новинарски прашања по пуштањето во употреба на препумпна станица во скопската населба Драчево.

“Одлично оди враќањето на долгот кон стопанството. Сведено е под 10 милиони евра, што значи во изминатите пет месеци имаме исплатено над 82 милиони евра кон стопанството. Фирмите тоа го чувствуваат. Ликвидноста е подобрена и сметам дека целосно ќе го испочитуваме рокот што е даден до крајот на месецов”, изјави Ставрески.