Ставревски на почеток на изградбата на Јужен поток во Русија

36

Министерот за финансии и вицепремиер Зоран Ставрески, денес ќе присуствува во Анапа, Русија на официјалното започнување на градбата на гасоводот Јужен поток.

Повеќе високи државни службеници од земјите кои влегуваат во гасоводниот коридор ќе бидат присутни на овој настан, на официјална покана од Руската Федерација. На церемонијата ќе се обрати претседателот на Газпром, Алексеј Милер, соопшти Министерството за финансии,.

За изградбата на Јужен поток инвестирани се вкупно 25 милијарди евра, а гас се очекува да протече во 2015 година. Коридорот долг 3600 километри под Црното Море треба да ги поврзе руските извори на гас со Југоисточна Европа, независно од Украина.

Македонија официјално влезе во Јужен поток во јули годинава со доставувањето на нацрт спогодбата од страна на Руската Федерација.