Staycation – нов израз во туризмот

89

Пандемијата на коронавирусот силно ја “стресе“ меѓународна економија и предизвика огромни промени што никој не би можел да ги претстави на почетокот на оваа година. Можеби работите никогаш повеќе нема да бидат исти како пред пандемијата, но светот нема да остане во карантин засекогаш, пишува CNBC.

Според аналитичарите, скоро една третина од Американците кои спаѓаат во ризични групи ќе ги избегнуваат патувањата и летовите сè додека не се пронајде лек или вакцина против коронавирусот. Тие предвидуваат дека луѓето етапно ќе се прилагодуваат на патувањата, најпрво тоа ќе биде ноќевање или викенд, а со тек на време ќе се одлучат и за подолги патувања. Наместо долги летови и скапи патувања, луѓето ќе се завртат кон локални места и поевтини и поедноставни опции.

Ваквата состојба веќе има свое име – staycations, односно луѓето ќе ги поминуваат слободните денови во својата околина и во рамки на земјата, па ќе имаат прилика да ги запознаат локалните убавини.

Туризмот на глобално ниво “доживеа“ силен удар предизвикан од пандемијата, а предвидувањата се дека до крајот на годината загубите би можеле да достигнат и 80 милијарди долари.

Фото: Pixabay