Туризмот до крајот на годината може да “падне“ за 80%

63

Туризмот е една од оние дејности што се најмногу погодени од пандемијата на глобално ниво. Проценките на агенцијата за туризам при Обединетите нации (United Nation World Touristic Organization – UNWTO) се дека бројот на меѓународни туристички патувања би можел да се намали за 80% до крајот на годината.

Во првите три месеци од оваа година, бројот на патувањата во странство веќе се намали за 22% на 67 милиони странски туристи. Само во март, кога и голем дел од земјите побараат карантин за населението, затворање на границите, хотелите и слично, е забележан пад од 57%. Сето ова укажува на загуби во туристичкиот сектор од околу 80 милијарди долари.

Доколку мерките се разлабават на почетокот на јули, во тој случај загубите би се свеле на нешто помалку од 60%, но ако продолжат до крајот на годината, тогаш падот ќе биде 80%.

Фото: Pixabay