Steer, уред што го држи возачот буден

14

steer

Фото: Kickstarter

Технолошка компанија од Латвија дизајнираше нараквица што не им и дозволува на возачите да заспијат во текот на возењето. Steer е незабележителен сè додека возачот не стане поспан, а таа состојба ја одредуваат 16 сензори коишто ги следат отчукувањата на срцето. Уредот ги споредува резултатите со нормалните параметри, а ако детектира дека бројот на срцеви отчукувања се намалува, го предупредува возачот со силни вибрации и активирање на жолта светилка. Ако бројот на отчукувањата на срцето продолжат да се намалуваат и покрај предупредувањето, Steer ќе го “разбуди“ со електричен шок, пишува Mashable.

Креаторот на оваа нараквица Влад Ајлин вели дека уредот ќе ја спречи поспаноста на возачот и овозможува побезбедно возење.

“Steer може да спаси илјадници животи на патиштата и да го намали бројот на сообраќајни несреќи предизвикани од поспаност на возачите“, вели Ајлин.

Уредот е поставен на платформата за групно финансирање Kickstarter и веќе ги има собрано потребните средства. Steer чини 100 долари, а во продажба ќе биде достапна од ноември.