Стелантис бомбастично најави: До крајот на годината ќе претставиме електрично возило кое секој ќе може да си го дозволи

140

Еден од главните проблеми што компаниите кои развиваат електрични возила сè уште не го решиле е тежината на самото возило, односно тежината на батеријата што го напојува.

Производителот на автомобили Stellantis ќе се фокусира на решавање на овој проблем. Како што најави технолошкиот директор на компанијата, Нед Ќуриќ, развојот на полесна батерија за електрични возила ќе овозможи и подобра одржливост на самиот автомобил.

Сегашните батерии за електрични возила се едноставно премногу тешки, што ги прави возилата некомпатибилни со целите за одржливост. Затоа, она што го имам на ум и кон што целиме до 2030 година е да ја смениме тежината на батеријата и да ја намалиме за најмалку 50 проценти, нагласи тој на отворањето на Центарот за технологија на батерии во Торино.

Но, тој призна дека навистина не знае како ќе изгледаат батериите на автомобилите во иднина.

Ќе треба да размислуваме за сосема нови материјали, нова хемија, нов начин да ги замениме овие тешки, тешки материјали со нешто полесно, рече тој.

Покрај нови батерии, тој најави и претставување на ново, многу подостапно возило веќе оваа година.

Возило кое речиси секој член на општеството може да го купи, најави тој, но не сакаше да открие која би можела да биде цената.