Stellantis и LG основаа компанија за производство на батерии

16

Производителот на автомобили Stellantis и производителот на батерии LG Energy Solution потпишаа договор за формирање заедничка компанија за производство на батерии за електрични автомобили, соопштија компаниите.

Батериите од новата фабрика ќе се користат за производство на електрични возила на Stellantis во САД, Канада и Мексико, со цел да ја постигнат својата цел повеќе од 40 проценти од американската продажба да се состои од електронски возила до 2030 година, пренесува Ројтерс.

Планирано е фабриката да започне со работа до првиот квартал од 2024 година. Сè уште се бара локација на фабриката, а почетокот на изградбата на фабриката се очекува во вториот квартал од 2022 година, се наведува во соопштението на компаниите.