Stellantis ќе произведува комбиња во Русија

37

Stellantis ќе започне со производство на лесни комерцијални возила Fiat Skudo во Русија до крајот на 2022 година, објави мултинационалниот производител на автомобили.

Автомобилската група со 14 брендови во своето портфолио, планира да го произведува возилото во фабрика за автомобили во рускиот град Калуга.

Фабриката е заедничко вложување помеѓу Stellantis кој поседува 70% и јапонската Mitsubishi Motors, која ги поседува преостанатите 30%.

Планирано е фабриката во Калуга да се претвори во извозен центар, кој ќе произведува мотори и возила за извоз на пазарите во Европа, Латинска Америка и Северна Африка.