СТЕМ Академија стана дел од реномираните училишта во светот што ги имаат имплементирано Microsoft образовни методологии, програми, практики и технологија, стои во соопштението.
Во прашање е пристап кон проблемите во образованието кои се препознатливи по иновациите што ги користат при осмислување на наставата, учењето и оценувањето, како и развојот на вештини релевантни за учениците кои се подготвуваат за предизвиците на 21-виот век. Од СТЕМ Академија посочуваат дека воведување на Microsoft образовните методологии и програми за нивните ученици дошла како резултат на нивните напори за континуирано надградување на образовните капацитети и алатки потребни во процесот на едукација со цел учениците да стекнат вештини и знаења кои ќе им помогнат во понатамошната кариера.
“Со признавањето на СТЕМ Академија како Microsoft училиште, се добива уште една институција којашто има иновативен пристап кон образованието кое ќе им отвори големи кариерни можности на учениците, но и ќе ги направи поконкурентни на пазарот на труд со стекнување на вештини неопходни за иднината. СТЕМ Академија е првото училиште во Македонија што е член на заедницата на Microsoft училишта, па оттука ни претставува голема чест и задоволство што преку нашата соработка даваме придонес во креирање на услови за олеснување и збогатување на процесот на образование на децата. Исто така, Microsoft училиштата добиваат дополнителни можности за соработка со други училишта ширум светот кои се дел од Microsoft заедницата. Во духот на продлабочување на нашата соработка е и поддршката од страна на Microsoft во однос на технологија, пристап до едукативни ресурси и практики со кои ќе се подобри едукацијата и пристапот до Microsoft програмите за учениците во СТЕМ Академија”, изјави Љупчо Георгиев, генерален директор на Microsoft Македонија.
СТЕМ вештините сè повеќе добиваат на важност во образовните системи во светот, вклучувајќи ја и Македонија. Со Microsoft програмите се зголемуваат професионалните можности за учење и усовршување на овие СТЕМ вештини.
“Станувањето дел од програмата ‘Microsoft School’ е извонредна можност за поврзување со над 1.000 училишта кои се лидери во образованието. Ги споделуваме нашите искуства со другите училишта ширум светот со што изнаоѓаме иновативни начини, преку примена на соодветни алатки, да ги подготвиме нашите ученици за постигнување успех во и надвор од училницата. Пристапот и комуникација со експертите за едукација на Microsoft иновации (MIE Experts) ни помагаат во иновативноста и континуираната обука на едукаторите на СТЕМ Академија, што е од големо значење за подобрување на процесот на едукација за нашите ученици. Исто така во соработка со Microsoft, сакам да ја истакнам и програмата Minecraft Education која планираме да ја воведеме од декември. Minecraft е компјутерска игра која ги буди креативните вештини кај децата и го развива чувството на контрола над самите себе и над околината. Ова се постигнува преку процес на учење насочен кон изучување на корисни вештини како снаоѓање во нов простор, донесување причинско-последични заклучоци, манипулација со објекти и критичко мислење кое раѓа мотивација за учење”, изјави Жарко Поп Илиев, извршен директор на СТЕМ Академија.
СТЕМ Академија е една од најреномираните едукативна организации која со години успешно ги гради СТЕМ вештините кај децата во Македонија. Од неодамна, СТЕМ Академија има нови простории со високо безбедносни стандарди за деца на нова локација во комплексот Парк Резиденс.
“Ни претставува задоволство што сме дел од успешната приказна на СТЕМ Aкадемија за унапредување на образованието на децата на современ и иновативен начин, кој ги подготвува за работните места на иднината. Со ова се истакнува нашата поддршка на образованието во Македонија. Оттука, како резултат на успешната соработка на СТЕМ Академија и Парк Резиденс би сакала да најавам воведување на голем број на бенефити за клиентите на СТЕМ Академија при користење на капацитетите на Парк Резиденс“, изјави Нина Шерифовска, извршен и продажен менаџер на Парк Резиденс.