СТЕМ академија започнува со Microsoft едукативни програми

46

press

СТЕМ академија започнува со воведување на светски признатите Microsoft едукативни платформи и програми за стекнување на СТЕМ вештини и знаење, базирани на Microsoft курикулуми и примена на соодветна Microsoft технологија во целокупниот процес на едукација. Овие едукативни платформи се фокусирани на развој на вештини кои се релевантни за учениците и кои ги подготвуваат за предизвиците на работните места во 21 век, стои во соопштението.

За таа цел Microsoft Македонија и СТЕМ академија потпишаа Меморандум за разбирање меѓу двете институции. Microsoft едукативната програма ќе биде достапна во понудата на СТЕМ академија од септември годинава.

“Ни претставува задоволство да ја подржиме СТЕМ академија како најстара и најреномирана едукативна организација која долги години успешно креира СТЕМ вештини кај децата. Ги ставаме на располагање докажаните СТЕМ базирани Microsoft курикулуми кои овозможуваат градење на СТЕМ вештини за учениците на возраст од пет до 20 години. За таа цел спремни сме да ги ставиме на располагање нашите ресурси и технологии применливи во процесот на едукација, како и при градење на компетенциите на едукаторите кои ќе ја спроведуваат СТЕМ едукативната програма“, изјави Љупчо Георгиев, генерален директор на Microsoft Македонија

Според податоците на Американскиот департмент за работна сила сите десет најбрзорастечки занимања и воедно најплатени професии во периодот 2008 – 2018 влегуваат во групата на СТЕМ кариери. Оттука, СТЕМ едукацијата може да се смета за една од најзначајните двигатели на економијата на национално ниво, но и на конкурентноста на економиите на глобално ниво.

“Мicrosoft е една од компаниите кои од самиот свој почеток работи на развивање на алатки за подобрување на образовниот процес. Посветеното работење во овој дел резултира со бројни Microsoft алатки и апликации кои денес се користат во многу училишта насекаде низ светот. Целта на сите овие алатки е да овозможи креативно размислување, визуелно учење и поттикување на страста на учениците кон стекнување на СТЕМ вештини, зошто на тој начин градејќи го нивното знаење и вештини, ние придонесуваме за градење на општество каде бенефитите од образованието можат да се преточат во економски развој на тоа општество. Исто така Microsoft има развиено голем број на методологии за управување со организации кои вклучуваат методи на учење на 21 век, кои се имплементирани насекаде низ светот“, Влора Адеми, сениор менаџер за развој на бизнисот во областа на образованието во Microsoft Македонија.

Веќе подолг период современиот модел на учење на СТЕМ знаењата и вештините во Македонија го нуди и промовира СТЕМ Академија од Скопје. Со потпишувањето на Меморандумот за разбирање, СТЕМ Академија на своите ученици им овозможува посетување на Microsoft едукативната програма која за жал досега не беше достапна за македонските ученици.

“Прогнозите се дека околу 65% од денешните ученици во иднина ќе работат на работни места кои се уште не постојат. Затоа е битно да се потtикнуваат учениците да размислуваат критички и сами да изнаоѓаат решенија на поставените проблеми како вештини кои најмногу би им служеле во иднина. СТЕМ Академија посветено работи на градење на овие вештини кај децата повеќе од три години, користејќи ги светски познатите програми на LEGO® Education. Потпишувањето на овој Меморандум претставува дополнување на нашата понуда со врвните едукативни програми и технологија на Microsoft. Ова претставува уште еден чекор кон овозможување на најдобри услови за стекнување на СТЕМ знаења и вештини за децата од нашата земја“, изјави Жарко Поп Илиев, извршен директор на СТЕМ Академија.