Стивен Хокинг “лови” оперски пејачи со црни дупки

56

hawking reklamaАстрофизичарот Стивен Хокинг, најголемиот гениј на денешницата, смисли начин како да ги искористи црните дупки. Но, тоа нема да му се допадне на оперскиот пејач Џио Компарио.

Седумдесет годишниот научник се појавува во рекламата на Gocompare.com, прв британски финансиски сервис за споредување на детали за осигурување на возила, домови, домашни миленици, финансиски производи итн. Оваа компанија од 2009 година во своите реклами го користи измислениот италијански тенор Џио Компарио, кој е изгласан за најиритантен рекламен лик во 2009 и 2010 година.