Стивен Спилберг ќе продуцира филмови со Netflix

138

Компанијата на режисерот Стивен Спилберг, Amblin, потпиша договор со Netflix за продуцирање на неколку филмови годишно.

Договорот се темели на постоечкото партнерство, бидејќи компаниите веќе соработуваа на филмовите The Trial of the Chicago 7 и Maestro.

Условите под кои е потпишан договорот со Спилберг не се познати.

Netflix е водечка стриминг платформа, но компанијата бара начин како да привлече што е можно повеќе корисници на пазарот.

И покрај договорот со Netflix, Спилберг ќе продолжи да соработува и со Universal и други филмски студија.

Фото: Facebook