СТО: Глобалната трговија се очекува да порасне за 1,7 отсто во 2023 година

Стоковната размена годинава ќе порасне помалку од просекот, соопшти Светската трговска организација (СТО), и додаде дека закрепнувањето во 2024 година може да биде загрозено од продолжувањето на војната во Украина, разгорувањето на инфлацијата и заострувањето на монетарната политика.

Обемот на трговската размена годинава ќе се зголеми за 1,7 отсто, посочува СТО, зголемувајќи ја прогнозата од октомври за еден процентен поен.

Во изминатите 12 години размената растеше во просек за 2,6 отсто годишно.

Во 2022 година порасна за 2,7 отсто, попречена од слабите резултати во последните три месеци.

Фото: Pixabay