СТО: Војните го ослабнаа трговскиот сектор

Според проценките на Светската трговска организација (СТО), прекините во синџирите на снабдување и поскапиот транспорт дополнително го забавуваат глобалниот проток на стоки поради воените настани низ целиот свет.

По силното закрепнување во 2025 година, кога трговијата порасна за 4,6 проценти, темпото на раст значително се забавува оваа година. СТО проценува дека во 2026 година зголемувањето ќе изнесува само 1,9 проценти, што укажува на постепено ладење на пазарот.

Дел од минатогодишниот раст беше резултат на тактичкото однесување на компаниите кои брзаа со нарачките за да избегнат очекувано заострување на трговската политика на САД и повисоки царини. Ова го „надувa“ обемот на размена на краток рок, но без долгорочна основа.

Експлозијата на инвестиции во технологии базирани на вештачка интелигенција, исто така, даде силен поттик на трговијата. Побарувачката за опрема што овозможува развој и распоредување на системи за вештачка интелигенција – како што се чипови, полупроводници и инфраструктура за пренос на податоци – нагло се зголеми.

Вредноста на трговијата во овој сегмент скокна за повеќе од четири милијарди долари, со раст од речиси 22 проценти. Иако сочинуваат релативно мал дел од вкупната трговија, овие производи генерираа речиси половина од вкупниот раст на глобалната трговија.

Дополнителен поттик дојде од фактот што клучните технолошки компоненти беа претежно поштедени од новите царински бариери, што овозможи нивно непречено пласирање на пазарот.