Стојкова,Чифлиганец, Антевски, Наумоски, Етеми, Симева и Теговски се членовите на Надзорниот одбор на Комерцијална банка кои добија согласност од НБРМ

217

Комерцијална банка АД Скопје преку Македонската берза извести за следната ценовно чувствителна информација:

Согласно член 33 од Правилата за котација на Македонската берза на хартии од вредност, Комерцијална банка АД Скопје објавува дека Народната банка на Република Северна Македонија издаде согласност на Александра Максимовска Стојкова, Ванчо Чифлиганец, Горан Антевски, Сашо Наумоски, Фатмир Етеми, Ивана Милковска Симева и Петар Теговски за членови на Надзорниот одбор на Банката со мандат од 4 години, именувани со Одлука на Собрание на Банката одржано на 27.03.2024 година, стои во објавата од Комерцијална банка до Берзата.