Стокхолм ги повика жителите да носат маски

11

Стокхолм ги советува жителите да носат маски во продавници, јавен превоз и на работните места со оглед на тоа што бројот на заразени во земјата повторно расте.

“Сакаме луѓето во текот на денот да носат маски во јавниот превоз“, рекла лекарка задолжена за контрола на заразата во подрачјето на Мариа Розен Остлунд во Стокхолм.

Прекривање на устата и носот, исто така, се советува и во одредени затворени простоии, како што се фризерски салони, аптеки и продавници, како и на работното место, доколку има потреба.

Препораката стапува на сила веднаш, а ќе биде привремена и ќе трае до 22-ри март.

Оваа препорака е спротивна на досегашните одлуки на властите во Шведска кои носеа релативно поблаги мерки во споредба со другите земји. Либералната здравствена политика беше проследена со поголем број заразени и починати за разлика од други европски земји.

Претходно, на Швеѓаните им беше советувано да носат маски само за време на метеж во јавниот превоз.

Фото: Pexels