Стопанска банка АД – Скопје со нов Генерален директор за оперативни работи

Стопанска банка АД – Скопје ја информира јавноста дека Илиас Пападопоулос е именуван за Генерален директор за оперативни работи (Chief Operations Officer) и член на Управниот одбор на Банката  со мандат од 1 година.

Именувањето е спроведено согласно Одлуката на Надзорниот одбор бр. 87/2025 од 31 јули 2025 година и по добивањето на согласност од Народната банка на Република Северна Македонија, со Решение бр. 15-27627/9 издадено на 27 октомври 2025 година.

Тој е дел од Стопанска банка од 2019 година како член на високиот менаџмент, на позицијата Главен директор за кредити. Претходно, Пападопулос работел во НБГ од 2006 година како менаџер за внатрешна ревизија, а подоцна и како раководител на меѓународни активности – сектор за кредитно банкарство.
Магистер е по финансии и инвестиции од Бизнис школата на Универзитетот во Ексетер, Велика Британија од 1999 година и диплома по економија (со почести) од Универзитетот во Гринич – Лондон, Велика Британија од 1998 година.