Стопанска банка Битола ја акумулира ланската добивка

31

Собранието на акционери на Стопанска банка Битола ја донесе одлуката за употреба и распоредување на остварената добивка по годишна сметка за 2019 година.

Преку оваа одлука, остварената добивка од минатата година, во износ од 16.968.120 денари се распоредува во акумулирана добивка ограничена за распределба на акционерите.

“Добивката по оданочување во износ од 16.968.120 денари се предлага да се распореди во акумулирана добивка ограничена за распределба на акционерите, којашто не може да се искористи за исплата на дивиденда, а може да се искористи за покривање на загуба или за зголемување на основната главнина со запишува на акции“, стои во Образложението.

Фото: Freepik