Стопанска банка Битола ја објави Поканата за запишување и уплата на корпоративна обврзница, по пат на јавна понуда, во вредност од 5.000.000 евра.
На официјалната страница на Македонска берза се објавени и основните информации за јавната понуда. Според нив, иницијален датум на продажба е 01.08.2016, додека последен датум за продажба е 01.11.2016 година.
Моделот на продажба на корпоративните обврзници е модел на минимална цена – давање на приоритет на налози со повисока цена, поголема количина и порано време на внес на налог.
На страницата на Македонска берза достапна е и документацијата во врска со јавната понуда: покана за запишување и уплата на корпоративни обврзници по пат на јавна понуда и проспект за издавање на обврзниците.