Стопанска банка Битола ја прекинува Јавната понуда за запишување и уплата на корпоративната обврзница

19

stopanska banka bitola

Стопанската банка Битола ја прекинува Јавната понуда за запишување и уплата на корпоративната обврзница, стои во соопштението објавено на Македонска берза.

“Врз основа на член 19 од Законот за хартии од вредност Стопанска банка а.д. Битола ја прекинува Јавната понуда  за запишување и уплата на хартии од вредност (корпоративна обврзница), објавена на 18.07.2016 година, поради измени во Проспектот во точка 10.3.5. измени на сопствено учество и гласачка структура во основната главнина на Банката од страна на претседателот на Надзорен одбор (зголемување на акции кој ги поседува во Банката од 5.815 акции на 10.837 акции), и точка 18.2.4 измени во условите за затворање на јавната понуда  Банката може да ја затвори јавната понуда пред истекот на предвидениот рок од три месеци. Имено доколку пред истекот на рокот за продажба на обврзницата се запишат и уплатат повеќе од 60% од понудената обврзница Стопанска банка а.д. Битола ќе ја извести Комисијата за хартии од вредност и јавноста за затворање на јавната понуда најмалку 15 работни дена пред денот одреден за затворање на јавната понуда“, стои во соопштението.

Стопанска банка а.д. Битола, како што се наведува, ќе побара од Комисијата за хартии од вредност одобрение за соодветните измени на Проспектот во рок од три работни дена од денот на прекинот на јавната понуда.

Стопанска банка а.д. Битола ја известува јавноста дека јавната понуда за запишување и уплата за хартии од вредност ќе продолжи по добиено одобрение од Комисијата за хартии од вредност за измените на Проспектот за што јавноста ќе биде известена.